Во Велес откриена спомен биста на Мирка Гинева

Петар Печков

Пред споменикот на паднатите борци од Егејска Македонија, поставен во Велес, утрово беше откриена  спомен биста на Мирја Гиева -Ирина Гинис.  Гинева  (1916- 1946) е  борец од времето на НОБ и Граѓанската војна во Грција. 

Таа е првата жена стрелана во Грција од политички причини. Бистата е дело на академскиот скулптор  Петре Наневски  а  по порачка на  Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ,,Ѕвезда,,.   На овој начин беше одбележана 73 годишнината од стрелањето на Гинева. Спомен бистата ја открија авторот на скулптурата Наневски и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој  топол 26 јули, во 6 часот утрото, согласно одлуката на Воениот суд на  Грчката владина армија  била стрелана  Мирка Гинова, заедно со уште шестмина други борци.  Вината на учителката Гинова била нејзината борба. Грчки војник кој по должност присуствувал на чинот на стрелањето, ги забележал последните мигови од нејзиниот живот и во писмо  испратено до таткото на Мирка, војникот напишал ,,честитам за ќерката што сте ја родиле, ја пресретна смртта со насмевка на усните, пеејќи.,,. Таа преку  војникот порачала ,,умирам за нешто што верувам со  сета душа, за поарен живот на другите а не на мојот,, - кажа историчарот проф. д-р. Ѓорги Малковски.   

При чинот на стрелањето, запишано е дека  ја пеела Интернационалата.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати