Во велешко денес нови 63 лица позитивни на ковид-19

Петар Печков

Во велешко денес има регистрирано 63 нови случаи на лица позитиви на ковид-19, оздравени нема. Ова се податоците добиени од Центарот за јавно здравје. Со ова бројката на активни случаи во велешко е 674 а вкупниот број на досега заразени лица со корона вирусот е 1118. Од нив оздравени се 408.

Од активните случаи  на домашно лекување с 616 лица, на Инфективно  50, во Скопје во ГОБ 8-ми септември двајца, две родилки се на ГАКЛ во Скопје и четири пациенти се во клиники во Скопје.

На Инфективното одделение и физикалното  има хоспитализирано 50 пациенти, 49 се потврдено позитивни а еден е сомнителен, се уште не е докажан. На Интерното одделение се хоспитализирани три сомнителни случаи, а една пациентка е со негативно тестови, но има потреба  од лекување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати