Во велешко 1.122 заболени од грип

Петар Печков

Во  Центарот за Јавно здравје до Велес последната седмица од 2016-та година  пристигнале пријави за 1.122 болни од грип. Толку случаи пријавиле матичните доктори.  

За споредба недела дена пред тоа бројката на заболени во велешко беше 560 лица.   Досега  кај заболените доминира инфлуенца  од ,,А,, типот, а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2).  

Ланската сезона грипот во Велес се појави во голем број во февруари и март.

Поради грипот заразно и детско се преполни со пациенти.  На инфективно имало 45 пациенти и сите кревети се полни. Исто е на Детско одделение каде имало 30 хоспитализирани деца, поради компликации од грипот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати