Во општина Чашка изминатата година и се работело и се враќале долгови

Петар Печков

Градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски на прес конференција  даде отчет за сработеното во изминатата една година негово владеење.  Кажа дека наследил долг од 15 милиони денари. 

Наследив општина во хаотична состојба,  со долгови, незаконско работење и злоупотреби.  Жиро сметката беше блокирана од 2013-та со долг од 15, 3 милиони денари. Имаше дури 44 вработени со времен карактер а само 16 постојано, долг на ЈП Тополка од три милиони денари, неплатени рати од кредитот кон Светска банка. Затекнав не регистрирани возила сопственост на локалната власт - изјави градоначалникот Стојановски.

Се штедело на репрезентација, правни услуги, медиумски претставувања, гориво, времени вработувања, обезбедување    и за една година има заштеда од 10 милиони денари  .

Имаме заштеда од правни услуги од 1,5 милиони денари, оти  адвокат до Велес месечно за негови услуга наплатувало 165 илјади или за три години од Буџетот на Општина Чашка се одлеале  сто илјади евра.   Месечно за времено вработените се трошени за цела година 12 милиони денари, сега имаме 10 времено вработени лица немаме повеќе обезбедувања и тој трошок го укинавме. Не наследивме долг во училиштата за превоз или греење - рече Стојановски. 

Со ваква работа од јуни општина не е повеќе со блокирана сметка.   Градоначалникот кажа дека работи транспарентно па така за 2107-та имало само седум јавни набавки  во висина од 4,6 милиони денари а годинава до 10-ти месец имало  57 јавни набавки со  9,7 милиони денари.  Во однос на реализираните проекти градоначалникот се пофали дека е отворен клон на детската градинка  ,,Бамби,, со 25 згрижени деца реконструирани се железничките станици во Богомила и Чашка, во село Извор отворена е медиотека за млади и деца,  реоформени било КУД ,,Тодор Јанев,,. Асфалтиран е патот Теово - Согле до Богомила во должина од 7 км. Набавено е возило за собирање на смет и  набавени се контејнери и канти за смет.    Набавени биле и водни пумпи и хлоринатори за водоводите во Чашка, Голозинци, Богомила,  Извор вредни 815 илјади денари со што е подобрено водоснабдувањето во овие места. Повторно работи клубот ,,Детелинка,, наменет за лицата со посебни потреби. Обезбедени се нови  простории на Центарот за социјални грижи и Катастарот за недвижности  лоцирани во населба Чашка. 

Локалната власт   добила  службено возило од Агенцијата за одземен имот. Во населба Чашка се гради нова спортска сала со 650 м2 и се очекува до крајот на годинава да биде завриена.  Во Извор привршува изградба на клуб  за стари лица, во Горно Јаболчиште е во тек подобрување на водоснабдувањето.

Стојаноски најави дека ќе започне да се работи на нов мост во Богомила, ќе се работи на фекална канализација за Богомила и Оморани.  Планираат со поддршка до Владата земјениот пат од Богомила преку планината до Гостиражни,   во должина од 10,8 км регионален  да го асфалтираат така економски ќе се поврзат овие два предели   осум илјади жители, проект кој ќе се реализира во следните две години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати