Во прва година на факултетите во Велес есенва има 230 слободни места

Петар Печков

Од есенва во Велес настава  во прва година ќе се одржува на  два факултети, сите од  Универзитетот Св. Климент  Охридски од Битола. И тоа  има  слободни 230 места од кои за  редовни се 120.

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – БИТОЛА
Информатика и компјутерска техника – Велес ќе запише 70 студенти, редовни 40 со плаќање од 100 евра,  20 редовни со кофинансирање од 10 евра и  10 вонредни со плаќање од 400 евра.

ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС
Прехранбена технологија и биотехнологија  ќе запише 70 студенти,  од нив 30 редовни со  200 евра за упис,  20 редовни со кофинансирање од 400  евра и 20 вонредни со плаќање на исто така 400  евра. 
Нутриционизам има слободни 90 места, од нив 50 се за редовни со 200 евра за упис, 20 редовни со кофинансирање  на 400 евра и  20 вонредни со  400 за упис.

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД годинава нема да запишува  бруцоши.

Претходно Pекторатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј најави дека  годинава  нема  да има дисперизирани  настави. Во Велес имаше само Економскиот факултет, чии студенти наставата ја следеа во зградата на Економското училиште, само попладне. 

Лани на студиите за сметководство и ревизија имаше слободни места  за 20 редовни студенти, пополнети беа 11. Во 2015-та  на  дисперзирани студии по сметководство и ревизија во Велес имаше запишано 14 редовни во  државна квота  од  40 предвидени. 

Имаше и дисперзирана настава и на Правниот факултет. Тие се укинаа пред 4 години оти наставата се одржуваше во зградата на Општината.

Уписот за прва година  е на 15-ти, 16-ти и 17-ти август во првиот уписен  рок,  на 1-ви 4-ти септември во ведриот  уписен рок и  на 14.09 е третиот уписен рок.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати