Во првиот уписен рок во прва година во средно во Велес се запишале 396 ученик

Петар Печков

Во прва година во четирите велешки средни училишта се запишаа  396 ученици а имаше 1011 слободни места. Годинава деветто одделение во седумте основни училишта во велешко завршија 464 ученици, а заедно со општините Лозово, Градско и Чашка  617. На првиот уписен рок се пријавиле 505 ученици. 

Во УСО ,,Коле Неделковски,, каде имаше најмногу слободни места  399 примени се 157 а се пријавиле 196. Има слободни места во сите струки  освен  за готвач/келнер. 

Во  Хемиското УСО ,,Димитрие Чуповски,, имаше238 слободни места , за упис се пријавиле 142а запишани се4 114. Пополнети се струките за медицинска сестра и фармацевт, за останатите има слободни места.

Во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, има 204 слободни места. За  настава на македонски јазик се пријавиле 108 ученици а примени се 101. За настава на албански јазик се пријавиле 33 а примени се 17.   

Во Економското училиште ,,Јовче Тесличков,, има 170 слободни места, се пријавиле 59 а запишани се 24. Слободни места има во сите струки. 

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати