Гостувања и Танц фест во април на сцената од велешки театар

Петар Печков

Во месец април, на сцената на велешки Центар за уметност и култура ,,Јордан Хаџи Константинов џинот,,   ќе има богата понуда  од повеќе настани.  

Во средината на месецот премиерно ќе биде изведена претставата ,,Синиот портокал, во продукција на велешки театар.  На почетокот од месецот премиерно ќе биде изведен авторскиот проект на Петар Темелковски ,,Песни за татковината,, дел од годишната програма на велешки театар  за 2017-та година. Посветен е на 75 годишнината од смртта на поетот Никола Јанков Вапцаров.  

На 31-ви март ќе биде изведена  претставата ,,Ана Комнена,, чиј целокупен приход од влезниците ќе оди за хуманитарни цели  за децата од С. О. С.  селото.   

Велес и годинава ќе биде дел од содржините на Танц фест, што ќе опфати повеќе настани.  Најзначајно секако е на гостувањето на Кинески ансамбл со нивна претстава која ќе се одржи на  25 април.  

На 18-ти април  е гостувањето  хит претставата на МНТ со ,,Не се клади на  Енгелзи,, во режија на Синиша Ефтимов, со Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ.     

Во април , на 20-ти ќе има и проекција на детски игран филм, од холандско производство ,,Малиот гангстер,, кој ќе биде надсинхронизиран.  Доколку има потреба, читај   гледаност и интерес, филмот кој е наменет за деца од 8 до 14 години    ќе биде прикажуван во повеќе проекции. 

Националниот ансамбл за песни и ора ,,Танец,, ќе има свој концерт на 28-ми април,  следниот ден на 29-ти ќе имаат свој соло концерт Бојан Илковски на виолина и Дино Имери на пијано.  Во се уште не прецизиран термин проекции на  Планинскиот филмски фестивал, кој беше диспензиран и минатата  година во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати