Директорите на ИГМ ослободени од вина за смрт на работник

Петар Печков

Генералниот директор  и сопственик на ИГМ и директорот на производство  се ослободени од обвинението дека се виновни за смртта на  работник, кој почина  по инцидент кој  се случи пред пет години.   Во  Основниот суд во Велес поради тоа што обвинителството не  дало  доволно докази за обвинението за кривичното дело,, тешки дела против општата сигурност на луѓето,, беше донесена  првостепена ослободителна пресуда.  

Судот со пресудата констатира дека  ,,се што е наведено во обвинението, одбраната докажала дека не е така и биле спроведени обуки за обука со кран а  понудените вештачења биле во корист на обвинетите,,.  Илија Гечев ( 62 год) директорот   на ИГМ и Перо Ташев ( 56 год)  директор  на  производство  беа обвинети дека  имаат одговорност за смртта на   кавадарчанецот Александар Ташев. Инцидентот се случил на 22 септември 2012-та, кога Александар  бил тешко   повреден додека работел во погон на фабриката ИГМ – Кавадарци, тој бил притиснат помеѓу два котура со лим.  Од тежината на  повредите  починал 14 дена подоцна, на 5-ти октомври на КАРИЛ во Скопје.  Семејството на момчето кое почина пред пет години, разочарано од  судската одлука.

Синот Александар загина на работно место а виновник нема. Ова е разочарување, но се надевам и очекувам   дека правдата, иако ја чекаме пет години сепак подоцна ќе стигне. Има Апелација има Врховен суд – рече  мајката Нацка Ташева.

Генералниот директор  Гечев кој е сопственик  на ИГМ пред судот се бранеше дека година дена пред инцидентот сите надлежности околу безбедноста на работниците ги  пренел на други раководни лица во друштвото. 

ИГМ е меѓу десетте најдобро стоечки фирми во Македонија, каде се се` работи по стандарди а дури  90 отсто од производството се извезува во Западна Европа. Имаме систем на безбедност, така што   жалам за изгубениот живот, но не се чувствувам за виновен – рече Гичев во неговиот завршен збор. Жалење изрази и второобвинетот директорот на производство Перо Ташев, кој е чичко на починатиот Александар или тој му е внук од брат.    

Јас имав одговорност за  производството во сите хали, освен во халата каде се случи инцидентот – кажа во своја одбрана Перо Ташев.  ИГМ произведува заварени цевки профили.  

Гечев како управител се товареше дека имал одговорност согласно Правилникот за работа да обезбеди безбедност  на работа, не обезбедил обука  од соодветна овластена институција, дозволил пристап до места изложени на специфична сериозност за вработените за кои немало посебно упатство за работа на такви места. Перо Ташев настапил спротивно  на Правилникот за внатрешна    организација на работните задачи  и бил одговорен за  спроведување на мерки за безбедност на мерки при работа  иако бил должен  да се грижи за правилно распоредување  на работниците во деловите на производниот процес. Така сега покојниот Александар Ташев не бил обучен за работа со кран, на 22.09 2012-та извршувал задачи  кои не спаѓале во неговиот делокруг како пакувач со цевки. 

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com