Драган Ванов трет на првата трка од првенството во мотокрос

Петар Печков

Изминатиот викенд се возеше првата трка од Државниот шампионат во мотокрос, на патеката Лагово  близу Прилеп. Драган Ванов член на  Мото Велес, по двете возења  го зазема третото место во класата  MX2, зад првопласираниот Станковиќ од Битола и Бугаринот Џонев. Во оваа класа возеше и велешанецот  Виктор Караколев кој беше четврти од четворица  учесници а вози за скопски клуб.  

Од клубот велат дека ова е одличен резултат бидејќи Ванов возел со десет години стар мотор, додека победниците имале нови машини. 

Претставникот на Мото Велес, Јове Иванов во класата  Mx3 i имал пад и се пласирал на петто место од шест возачи.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати