Жените низ бројка, во Македонија

Петар Печков

Државниот завод за статистика објави соопштение по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жените. Најчести женски имања во 2017 година биле Јана и Сара. Според процената на населението во Македонија, 49,9 % од населението се жени. Жените во Македонија сè почесто се одлучуваат да раѓаат по едно или по две деца.

Бројот на дипломирани жени во 2016 година изнесува 4.787 или 58 % од вкупниот број на дипломирани студенти, додека пак бројот на жени магистри изнесува 1.107 или 58,9 % од вкупниот број магистри. Бројот на жени доктори на наука изнесува 111.

Според статистичките податоци, жените во просек живеат 77,4 години, односно 4 години подолго од мажите. Од вкупниот број вработени жени во 2016 година, 94,3 % се вработени со цело работно време. Од вкупниот број вработени жени во 2016 година, кој изнесува 283.834, 74,8 % се вработени во деловни субјекти во приватна сопственост.

Во домаќинствата кои имаат деца, жените просечно дневно поминуваат 1 час и 57 минути во нивно згрижување. Жените кои имаат домашни миленици просечно дневно поминуваат со нив по 1 час и 41 минута.

Според податоците на Државниот завод за статистика, жените просечно дневно поминуваат  по 1 час и 50 минути на гледање телевизија. Жените во урбаните средини на забава и култура поминуваат просечно дневно по 2 часа и 16 минути, што е двојно повеќе од жените во руралните средини, односно 1 час и 13 минути. Во текот на денот, вработените жени поминуваат 15 % на слободни активности, а невработените жени 21 %.

Од сите домашни активности на жените, посочуваат од Државниот завод за статистика, 16 % отпаѓаат на чистење на станот.

По повод Денот на жената – 8 Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата направи анализа на истражувањата и на анкетите на оваа тема, но и на она што го покажуваат статистичките податоци.

И покрај напорите за надминување на сите дискриминаторски форми и напорите за отфрлање на сите стереотипи што постојат во општеството, за жал, одредени суптилни форми на стереотипи сѐ уште постојат, бавно се менуваат и тешко се отфрлаат. Еден од нив, кој се провлекува со генерации наназад и кој секојдневно го побиваме, е дека жените се лоши и небезбедни возачи, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На самиот почеток важно е да се потенцира дека секоја поделба на возачите на машки и на женски не е соодветна. Многу посоодветно е возачите да ги поделиме на одговорни и на неодговорни, без разлика на полот, возраста или на другите лични карактеристики. Позитивните и негативните примери и кај едните и кај другите се бројни, но интересно е да се види што покажува статистиката за тоа колку се безбедни жените и мажите во сообраќајот.

Статистиката и фактите покажуваат дека жените се побезбедни возачи од мажите. Истражувањата на релевантни меѓународни организации покажуваат дека мажите многу повеќе страдаат во сообраќајни незгоди во споредба со жените и многу често се предизвикувачи на сообраќајни незгоди со сериозни фатални последици.

извор:МИА

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати