Живееме, танцуваме, тагуваме...на Каргова во Ликовен салон

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес  се отвори  изложбата на слики на  ликовниот уметник Моника Десоска Каргова.  Таа се претставува  со 24 слики, масло на платно и масло на хартија, насловена „ Живееме, танцуваме, тагуваме...“ . Нејзината прва изложба била 1992. 

Помеѓу тогаш и денеска, нејзиниот уметнички дух не мируваше туку се трансформираше, патуваше, моделираше и истражуваше. Искуството прерасна во сигурен цртеж, колоритно изразување, композициска структура, сугестивни форми и поетично ликовно изразување. Делата од серијата наречена „ Живееме, Танцуваме, Тагуваме....“ се развиени низ последните 9 години од  уметничкото творештво на авторката. Нејзините дела го наведуваат набљудувачот на индивидуален, интимен разговор. Употебата на небо, земја, воздух, мое создава длабочина која ја потенцира безграничноста, динамиката и енергија - рече промоторот  Ана Јосифовска  

Моника Десоска Каргова дипломирала на ФЛУ во Скопје.  Работела и работи како, професор, слободен уметник и шминкер. Професор по ликовна култура – НОВА-Интернационални училишта, Скопје од 2015-2018, шминкер на повеќе престави во Македонски народен театар и сл. Има реализирано 11 самостојни изложби и учествувано на поголем број групни изложби. Во 2002 година  добитник е на наградата „Љубомир Белогаски“, за успешна изложба за проектот „Простор“ реализиран во 2001 година во Музејот на град Скопје.

Акцентот на моите дела е ставен ан човекот, на неговиот емотивен свет, на неговото доживување на реалноста и себе самиот. Како  тој го доживува односот со другите луѓе,  односот со природата, целокупното живеење. Танцот како израз на човекот, кој другите суштества на светот не можат да го изразат, освен во циркус и затоа овде танцот ја покажува играта, љубовта, тага. Изложбата е романтична, интимна, светлите бои  покажуваат дека посакуваме светот да биде розев, поубав, посветол, поинаков отколку што е  - кажа авторката Моника Десоска Каргова.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати