Зголемена потрошувачка на вода за 20 отсто

Петар Печков

Една седмица откако падна снегот, температурите се спуштија ниско а во Велес е регистрирани зголемена потрошувачка на вода.   Сега се трошат 130 литри во секунда наспроти до пред седум дена 110 литри во секунда.

Од ЈКП Дервен информираа дека зголемената потрошувачка се  должи на отворените  славини, на кој начин дел од граѓаните се  обидуваат да ја спасат водоводната  мрежа од мрзнење.  Но уверуваат дека во Велес нема да а  има проблеми со водоснабдувањето и дека можат да испорачаат вода до секој дом. 

Водоводната мрежа е целосно во функција.  Има случаи каде има замрзнати цевки во домови и   објекти, таму  каде нема греење, но тоа е индивидуално. Немаме некој голем дефект. Препорака е да се остават чешмите да течат но малку, не во млазови или да овозможат некакво греење за мрежата  - вели Цековски.  

Екстремно ниски температури, кај одреден  број домаќинства  ги замрзнаа водоводните инсталации, што доведе до прекин на пристапот до водоснабдување. Од ЈКП Дервен   препорачуваат на граѓаните кои се обидуваат да ги одмрзнат водоводните инсталации користејќи грејни тела, тоа да го прават внимателно и на одредена оддалеченост од инсталацијата, и во никој случај да не се користи директен пламен врз цевките или водомерот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати