Инцидент пред банка во Велес, обезбедувач нападнат од странка

Петар Печков

МВР информираше за инцидент кој се случил вчера напладне, пред банка во центарот на градот, кај Сармаале. Според лицата кои биле пред банката,  обезбедувачот, кој воведувал ред, откако  странка сaкала да влезе преку ред, била опомената а тој, наместо да се врати го фатил за гуша обезбедувачот.

Понеделникот  17-ти август  во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б.Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот. Тој бил приведен во Полициската станица Велес - информираа од МВР.  

По целосно расчистување и документирање на настанот СВР Велес  ќе поднесе  соодветна пријава  против сторителот.                 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати