И годинава велешките деца на Климатска рехабилитација

Петар Печков

Од сабота 4-ти август, 40 деца од Велес ќе заминат на седумдневна рехабилитација во одмаралиштето  Михајлово на Кожуф. Таму ќе престојуваат до 10-ти август а ќе учествуваат деца до деветто одделение.  Овој проект е на Друштвото на Родители за Грижа за Здраво Поколение (ДРГЗП), од Велес, кое  успешно во континуитет  го спроведува  17 години.

Освен секојдневните прошетки и престојот на чист, планински воздух, ДРГЗП со својот тим од искусни, млади волонтери, кои работат со деца и младинци, ќе се погрижат за квалитетно пополнето слободно време на рехабилитарците, со едукативно-интерактивни двочасовни работилници - најавуваат од Здружението. 

Оваа година по 17-ти пат, од 04. до 10. Август, истата ќе се реализира во одморалиштето Михајлово, на планината Кожуф. Финансиски е поддржана, како успешен и значаен проект, од страна на Општина Велес. Од  минатата година Климатската рехабилитација не ја поддржува  Министерството за животна средина, сепак таа се одржува.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати