И локалната власт и еколозите со поддршка на планот за отстранување на троската

Петар Печков

Поради административни причини се доцни со започнувањето на отстранувањето на троската близу Велес, која новиот сопственик  КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје, во октомври лани  најави дека ќе го  започне во април годинава.  Од инвеститорот вината ја посочуваат до надлежните од Министерството за животна средина.   

 Од 6-ти декември лани  ни е поднесена документацијата за писмото за намери, со кое ја започнавме постапката.  Дури по четири месеци се случува јавната расправа во Велес, која требаше далеку порано.  Мора да побрзаме оти и Малезија, земјата каде треба да се префрли згурата ги затвора вратите. Но ние сме обезбедени имаме потпишано веќе договор, со чија реализација доцниме  - кажа Љупчо Аврамовски од консултанската куќа, која ја изработи  Студијата за оцена на влијанието врз животната средина.  

Со неа  КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје треба да добие дозвола за економска експлоатација на троската.  Аврамовски верува дека ако државните институции работат со оптимални рокови, првите камиони товарени со згура од Велес кон Солунското пристаниште треба да тргнат во средината на јуни.

Испитувањата покажаа дека во депонијата нема радиоактивност, дека нема чисти метали што е штетно по околината, туку  и оловото и цинкот и железото  се во соединенија, во оксиди. Потоа потврдено е истражувањето на шпанската Ептиса од 2007-та дека депонијата не  е опасен отпад - додаде Аврамовски. 

Инвеститорот во Студијата ги опфатил сите можни проблеми, па предвидува и воздушна завеса ако има зголемена емисија на прашина и ветрови во правец кон градот. Планот е  згурата да се изнесува 24 часа секој ден, со камиони марка  ,,кесон,, кој  ќе биле обезбедени со заштитна хауба, за да на се разнесува прашината. Во прво време се планира на секои час да се товараат по два камиони а потоа и четири, секој со по 40 тони згура. Оваа информација предизвика единствено дискусија, оти се појави дилемата зошто не се користи далеку поевтиниот и еколошки почист  железнички превоз.  

Знам дека до самата депонија и во кругот на Топилницата има индустриски колосек. Тој треба да се искористи, оти патишта во земјава ќе бидат сериозно оптоварени со оваа фреквенција на сообраќај, товарени со 40 тона згура. И превозот со железница е далеку поевтин а нема да се создава загадување од издувни гасови на камионите. Мостот  на Вардар, кај Башино село кој ќе се користи е во лоша состојба, што го констатира надлежните и треба да се реновира а како ќе издржи камиони со по 40 тони е за размислување - рече Златко Панчевски  д-р на науки, екологист и   поранешен  вработен во Топилница.  

 Аврамовски објасни дека и тие сакале да го користат железничкиот превоз, но имаат дилема дали во земјава МЖ нема толку превозни средства и локомотиви за да ги задоволи нивните потреби.

Ја разгледувавме и оваа опција, како прва, но за жал не успеваме да стапиме со контакт со раководни лица на сопственикот на Топилница. И еколошки и економски железницата ни е подобро решение, но не успеавме да ги контактираме сопствениците - рече Аврамовски.   Како обврска  со планот за работа, си земале и да ја исчистат почвата под депонијата со ремедијација. Згора на тоа ќе ја  исфрлат земја на длабочина до 30 см, ќе донесат хумус и ќе ја засадат со трева и маслодајна репка.  

Останува рокот од четири години, за колку време ридот на влезот од Велес, едно од десетте жешки еко -точки во Македонија, треба  да исчезне. КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје  е дел од српската КЕПС МОНТ ГРОУП и се пофалија дека досега работеле на слични депонии во Србија, Албанија и Косово. Ридот  е резултат на три децениската работа на Топилницата и е тежок 1,8 милиони тони. Поддршка  на инвеститорот за  постапката на дислокацијата на ридот со тропска, КЕПС МОНТ ГРОУП доби и од градоначалникот на Велес, Аце Коцевски но и од граѓанските еколошки здруженија.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати