Кај велешанец пронајдени пиштоли и муниција

Петар Печков

 СВР  Велес информираше дека  во четвртокот наутро  во периодот од 07.00 часот до 08.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во куќа на улица „Киро Рогужаров“ во Велес, која ја користи лицето Б.К.(69) од Велес.

При претресот биле пронајдени и одземени  пиштол „Pietro Beretta“ калибар 7,69 мм, една рамка за пиштол со осум куршуми калибар 7.69 мм, пиштол непозната марка со дрвена рачка, една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7,65 мм и една кутија со 17 куршуми калибар 7,65 мм. По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.    

Велешката полиција информираше за уште еден настан. Петокот попладне. во 18.45 часот на железничката пруга Велес – Градско кај железничката станица „Згрополци“ машиновозачот забележал како на пругата лежи машко тело. По извршeниот увид утврдено е дека се работи за лицето М.О.(62) од Велес, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Велес. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати