Ковид 19 се враќа во Велес, денес четворица позитивни, еден оздравен

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека изминатите 24 часа има нови 4 случаи на позитивни со ковид-19 во Велес. Тоа е половината од денес  ново регистрираните во Македонија, осум.  Останатите се тројца во Скопје и еден во Битола.

Со ова вкупна бројка на дијагностицирани со корона вирус во Велс се искачи на  81, од нив 48 се активни. Едно од лицата  од Велес кој бил позитивен, денес по два негативни теста се води како оздравен од ковид-19.

На Инфективното одделение во Општа Болница Велес згрижени се 21 лица, деветнаесет се позитивни и за две се чекаат резултати. Порталот „Скопје инфо„ објави дека две од заразените се од кластерот на конфекција односно една вработена и една роднина на вработена во конфекцијата.

Вработената во конфекцијата сама направила тест во една од приватните лаборатории по што добила тест позитивен на корона вирусот. Третото лице кое е позитивно е мајстор , ѕидар кој работел во околните населени места околу Велес додека четвртиот случај немал никаков ризичен контакт но сепак е позитивен на тестирањето.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати