Кога ќе заживее Офицерски

Петар Печков

Офицерскиот дом во центарот на Велес е  четири години во сопственост на градот. Толку време се најавува негова обнова и заживување. И покрај најавите досега тоа не се случи. Реагираа на прес конференција од опозиционата СДСМ. 

Овој објект е сопственост на Општина Велес одамна требаше да биде Градска Куќа – гордост на Велес, според ветувањата на градоначалникот Чадиев. Пред 4 години, во 2013 година, Чадиев и Илија Димовски најавија дека на тука на горните катови ќе се одржуваат повеќе манифестации, додека приземјето  ќе биде преуредено во матична служба. И дополнително, ќе има простор и за канцеларии на велешките пратеници во Собранието на Р.Македонија. Објектот, како што гледате, стои руиниран и во внатрешниот и во надворешниот дел. Градска куќа нема, манифестации нема, нема канцеларии за пратениците. – изјави портпаролот на ОО СДСМ Велес, Весна Стојанова Богоевска. 

На прозивката од опозицијата градоначалникот Славчо Чадиев,  излезе со проект, и најави  репрезентативен објект, со кој градот ќе се гордее.

Очекуваме многу брзо во градот да имаме уште еден репрезентативен објект на многу добра локација, од кој секако корист ќе имаат сите граѓани и ќе им биде во функција. Проектот е веќе изработен и одобрен за реализација. Вкупната инвестиција ќе биде околу 5 милиони денари. Поголем дел од парите 3,1 милион се обезбедени преку грант од „Светска банка“, остатокот се средства од Буџетот на Општина Велес. Проектот е веќе одобрен, средствата се обезбедени потребно е само да разрешување на политичката ситуација, по што ќе може да се распише јавен повик за избор на фирма со најповолна понуда – изјави  Чадиев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати