Крводарителите од Велешко, втори во Македонија

Петар Печков

По повод 17 март Ден на Црвениот крст на Република Македонија и Ден на доброволното дарување на крв,   Општинската организација ги додели признанијата за најхуманите дарители од пошироката територија  на велешко, каде  влегуваат и општините Градско и Чашка.  Минатата 2017-та година, дарителите на крв од ова подрачје, покажаа висока хуманост и се втори во Македонија, веднаш зад општина Центар - Скопје.  Невработените, учениците и студентите се најхуманите, две третини од собраната крв е од  нив. Радува податокот што годинава 20 отсто од  собраната крв е од жени, а дури 67 отсто од дарителите се на возраст до 30 години. 

Минатата 2017-та претставува уште една од многуте успешни години на планот на крводарителството на подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско. Цели 40 години благодарение на хуманоста на граѓаните од ова подрачје, на членовите и волонтерите на Црвениот крст, вработените во трансфузиолошката служба но и на поддршката од сите правни субјекти во локалната заедница, вклучувајќи ги пред се и единиците на локалната самоуправа, нашата Општинска организација на Црвениот крст е редовно меѓу првите три најуспешни во Државава, а минатата се најде на второто место, веднаш по Општинската организација на Црвен крст Центар од Скопје - рече д-р  Славе Јорданов, началник на одделението за трансфузиона медицина во Велес.   

Основна цел и приоритетна задача на Општинската организација и трансфузиолошката служба на ИТМ во Велес, во унапредувањето на крводарителството во 2017 година беше: навремено и контуирано обезбедување доволни количини крв за давање здравствена заштита на населението во ЈЗУ „Општа болница“ во Велес и исполнување на обврските спрема клиниките во Скопје, организирање и изведување на планираните крводаритески акции, афирмација и популаризирање на доброволното дарување крв заради зголемување на бројот на доброволните дарители, равномерен развој на крводарителството во сите средини на живеење и делување на граѓаните и оддавање соодветно внимание и благодарност на доброволните дарители на крв, волонтерите во Општинската организација кои се ангажираат во оваа значајна хуманитарна дејност, основните организации на Црвениот крст и други организации кои на организиран начин даваат свој придонес во развојот на крводарителството - рече д-р Милчо Трајков претседател на ОО на Црвен Крст Велес. 

Во 2017 година кај   нив   собрани се вкупно 4110 крвни единици со што   планот од 1861 е остварен со 220,84%. Секоја година се зголемува бројот на крводарителите жени кои  од кои во 2107-тата беа добиени 804 крвни единици, или учество од 20 отсто. Дека крводарителството има одржлив развој на нашето подрачје зборува и фактот дека 67% од дарувањата се остварени од млади до 30 години, а прв пат во својот живот дарувале и се вклучиле во семеј-ството на најголемите хуманисти 571 дарител, бројка која од година во година бележи мало, но постојано зголемување. 

Две третини, или 2711 единици од вкупниот број дарувања се земени од дарители – невработени, ученици, студенти, припадници на АРМ, МВР или вработени во корпоративниот сектор, кои самостојно, без повикдарувале  од својата драгоцена течност и да спасат нечиј живот.   Во организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина организирани се 29 крводарителски акции од кои се собрани 1311 крвни единици.

Посебно за одбележување се за прв пат успешно организираните крводарителски акции во основните училишта „Васил Главинов“, „Свети Кирил и Методиј“ и „Маца Овчарова“, а  крводарителските акции во Населба Градско и ОУ  “Блаже Конески“постигнаа рекордни бројки во минатата година. 

Треба да се истакнат  резултатите од доброволните дарувања на вработените во Брако, Дрекслмаер, Маркарт, АРМ,  СВР Велес. За разлика од нив, лани според местото на работа и занимање,  само двајца од МПЦ дарувале крв. 

Летната крводарителска акција, која  традиционално се одржува  во август месец  е со најмногу собрани крвни единици, за два дена 213 , па следи таа на Мото клубот Носачи на крстот со 112.

loading...

Поврзани »

loading...

Фестивал на велешка пита и  вино 2018

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати