Моторџија излетал од пат после Велес завршил на клиники во Скопје

Петар Печков

Во саботата попладне, моторџија од Скопје  се здобил со тешки повреди, откако со неговиот мотор излетал од патот.

На 09.06.2018 година околу 17.25 часот  на магистралниот  пат Велес - Штип, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван  од В.Н. (30) од Скопје, излетал  од патот. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Велес -стои во писменото соопштение  од МВР.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес инфомрираа дека кај нви е донесен пациент во 18,10ч. 

Примен е на хируршкото одделение, пружена му е неопходна здравствена нега. По извршените снимањата откриено е дека има свршеници на екстремитетите и е префрлен на Клинички центар при комплекс клиники „Мајка Tереза“- изјави Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати