Мотор излетал од пат, возачот тешко повреден

Петар Печков

Средата навечер, околу 23,00 часот на магистралниот пат Велес – Штип во близина на село Сарамазлино се случила сообраќајна несреќа, во коај две лциа се повредени, едното потешко. МВР за настанот информираше преку соопштение.

Во  сообраќајката  учествувал  мопед управуван од С.П.(23) од Лозово, кој  се превртел од патот. По несреќата С.П заедно со неговиот сопатник на мопедот - 16 годишно лице исто така од Лозово се пренесени во Медицински Центар Велес за укажување на медицинска помош. Кај сопатникот се констатирани телесни повреди, а на С.П. му е констатирана тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредата е пренесен и задржан на понатамошно лекување во Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје на КАРИЛ - информираа од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати