Нагант револверите на вештачење, судот ќе решава каде ќе завршат

Петар Печков

18-та нагант револвери кои беа пронајдени  во куќа во Велес, се на вештачење,. Тоа траба да даде одговор за нивната старост, веродостојност, квалитет. Но надлежните  од Велес очекуваат дел од нив да завршат како музејски експонат и да ги красат витрините на надлежните институции.  

Пиштолите се одземени и предадени на вештачење во МВР.  Во зависност од наодите на вештачењето,  со соодветна пријава ќе бидат доставени до Основен суд – Велес.  Потоа судот ќе одлучува за нивната судбина – изјави Верољуб  Додевски, портпарол на СВР Велес.  

На дел од 18-те револвери  смета и локалната власт и Народниот музеј.  Градоначалникот на Велес Аце Коцевски    побара   нагант револверите  да  бидат оставина на градот.

Доколку се културно и историско богатство, и се стари повеќе од век, сигурно дека добро би дошле во збирката на Народниот музеј -  рече Коцевски.  Од Народниот музеј пак додаваат дека нивната збирка на метално оружје, така ќе биде збогатена. Таа неодамна беше конзервирана.  

Најстарата пушка која ја поседуваме  е од Царска Русија 1839, руска еднометна  пушка од  1880-та година,  пушка од истата фабрика ,,токарев, 1943,,.  Имаме пушка ,,стаер малихер,, М 95 од австриско производство. Имаме и  јатаган од турско, потоа турска офицерска сабји производство на прочуениот германски концерн ,,Солинген,, - објасни  Марин Клифов виш кустос во велешкиот музеј.   Согласно законските прописи, како пронаоѓачи  на  најдените револвери и семејството Ѓоргиеви очекува дека ќе добие некој примерок.  

Куќата мојот татко ја купил 1953-та година и  тоа од Трајче Попов, познатиот македонски филмски  режисер.  Тие од кого ја купиле немам информации, но според постарите жители тука во маалото имало Турци, кои по Хуриетот заминале – додава Иле.  

Дека куќата имала значајни  сопственици говори  и тоа што пред  20-тина години, при реновирање на друг дел, била, пронајдена вреќа со куршуми, но  тие биле од пушка,  подлоги, не биле револверски.

loading...

Поврзани »

loading...

Пролетна акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ веќе осма година по ред организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започна од понеделникот 16 Април, и ќе трае до 15 Мај. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • ми донесе многу убави моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши мигови
  • постар сум за една година
Резултати