Најголемата Железничка несреќа во Македонија е со 15 починати кај Рајко , во зимото 1946-та

Петар Печков

Најголемата железничка несреќа во Македонија е случена во близина на железничката  станица Рајко Жинзифов, близу Велес. Тоа се случило на ноќта на 29-ти јануари 1946-та година во 23.20 часот.  Тогаш загинале на лице место 15 патници.  За овој настан нема информации, тешко се доаѓа до нив.  Скромно во книга од велешкиот новинар Петар Алексовски во неколку реченици е забележана оваа несреќа.

Возот кој вечерта тргнал од Скопје во 21 часот  удрил во падната карпа, од одрон, кај месноста Влавчани  на делот од пругата после Рајко кон Велес. Возот бил преполн со патници кои биле во 3-4 патнички вагони. Бидејќи во тоа време немало многу локомотиви, по  повоена Македонија, со истиот воз  на 5-6 товарни вагони се превезувало  железнички шини и прагови за   пругите кои се обновувале од војната.  По ударот на локомотивата  во паднатата карпа, освен што дел од патничките  вагони излетале,  во нив продреле дел од стоката која ја превезувале товарните вагони, шините. Тоа предизвикало да на лице место умрат 15 патници а 40 да бидат потешко повредени- запишал Алексовски. 

За оваа несреќа знае и велешанецот Владимир Пармаков. Неговиот татко бил еден од бројните повредени.

Татко ми  Андреја ми раскажуваше за несреќата.  Тој се враќал од Тетово, каде како трговец имал работа. Се случила доцна ноќта, откако удрил во карпа која била на шините.  Знам дека возот завршил во реката Вардар а бидејќи местото било тешко пристапно, војската која дошла на помош имала  сериозни потешкотии да помага. На татко ми Андреја ногата му е тешко повредена и цел живот, до 91 година возраст тој имаше мака, такво било времето немало современи апарати за да се помогне  - се присетува познатиот велешки угостител Пармаков.

Меѓу починатите бил  велешанецот Славко Агушев, чија снаа за син ја потврди оваа информација. Таа раскажува што слушнала од свекрвата, сопругата на Славко, за овој крвав настан.

Свекрва ми Деница  раскажуваше за несреќата, дека загинале многу луѓе.  Славко заминал утрото за Скопја носел некому пари, се враќа вечерта со воз, карпата паѓа кај железничка  Рајко.  Знам дека возот удрил во карпа. Меѓу починатите бил и Славко, татко  на мојот сопруг. Тој умрел на  лице место. Имало и други  починати  велешани – вели Стојна Агушева. 

Меѓу загинатите  патници имало лица  од Битола, Валандово и други места.  Во помош притекнала војската која ги вадела  телата од згмечените вагони а мртвите и ранетите со тешкотии се пренесувале до Велес.  Ранетите со возила на УНРА, со ,,џемсови ,,биле пренесувани во скопските болници, оти велешката не можела да им даде помош. 

Таму некои од повредените од здобиените рани починале.  Во Архивот на Република Македонија, пребарувајќи ги книгите на Македонски железници од овој период, никаде нема документ за  оваа несреќа.  ВО МЖ исто така  немаат документација.   

Со сигурност пак затоа може да се каже дека близу ова место, каде се случила најголемата железничка несреќа во Македонија, на 23 април 2015-та загинаа 14 мигранти кои беа  удрени од товарен воз, кој сообраќал од Велес за Скопје. Несреќата се случи во 22,30ч.   помеѓу железничката станица Рајко Жинзифов и стојалиштето Пчиња. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати