На Велес му треба уште едно мерно место за мерење на загаденоста на воздухот

Петар Печков

Ако до пред десетина години во Велес имаше дури седум мерни места за квалитетот на амбиенталниот воздух, денес во функција се само две. И двете се во новиот дел на градот, додека  десната страна, стариот дел, каде повеќето домаќинства користат како огрев дрва, нема мерна станица.   Тоа беше причина екологистите да побараат, локалната власт по теркот на други градови во земјава да постави мерна станица.   И тоа токму во овој дел на Велес.

Тоа е скапа инвестиција и затоа пративме иницијатива до Министерството за животна средина, заеднички да поставиме мерна станица. Да ги имаме вредности и од едната и од другата страна на градот. Очекуваме дека тоа ќе се случи до почетокот на грејната сезона следата година – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.      

Моментално во функција се мерните станица на Министерството за животна средина Велес 2 во градинката  во населба Тунел и на Центарот за јавно здравје Велес 1 која е лоцирана близу нивната зграда.   Но тие мерат со различни вредности, едната е часовна, другата  средно дневна која два вредности за 24 часа.

Министерството за животна средина имаше апаратура  близу Топилницата, но со престанокот на нејзината работа, престана да работи и мерното место.  Центарот за Јавно здравје имаше три, но доодената апаратура, не може да  се замени па работи само едно.

Двете мерни апаратури на Топилницата не  постојат. Едното во дворот на Болницата, по барање на  тамошното раководство, новиот сопственик Метрудхем ја отстрани. Додека втората близу Хотелот Вила Зора  беше ограбена а  просторијата се користи да други намени.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати