Обвинетата Николова полицијата ја упаси и ја однесе во притвор

Петар Печков

Велешката полиција, вчера попладне  ја привела Десанка Николова Кузмановска, која Основен суд Велес ја бараше   оти отсуствуваше подолго време од судење. По барање на судијата Шефшет  Адеми, тој и изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за да се обезбеди за судење. 

Од вчеравечер таа е во истражниот затвор Шутка.  Николова како обвинета често не доаѓаше  на судење бидејќи токму на тој ден нејзината здравствена состојба  се влошувале и со лекарски уверенија праќани по вибер,  по  електронска пошта.   Рочиштето кога ќе се одржи судењето на Николова е за 20-ти ноември. Апелација нејзината желба за да оди во притвор ја отфрлила. 

Според обвинението Николова се товари  оти   прибавила имотна корист од три илјади евра. Во периодот од 7-ми август  до 3-ти септември лани, во повеќе наврати ги довела во заблуда оштетените, татко и ќерка,  лажно прикажувајќи дека може да го вработи нивниот син, односно брат во МВР на огласот за прием на полицајци, кој бил во тек.

Таа се повикувала на блиски пријателски односи со влијателни луѓе од тогашната  власт и МВР, со што ги навела оштетените да и исплатат вкупен паричен износ од 183.500 денари и тоа етапно, како што течеле активностите околу конкурсот за вработување.

Три дена по последната уплата, оштетените телефонски  биле информирани  од обвинетата  дека работата е завршена и заминале  во Центарот за обука во Идризово заради потпишување на договорот за вработување. Но таму на големо изненадување  им било кажано дека не е организирано потпишување на договори и дека нивниот син, односно брат воопшто не е примен на огласот за обука на полицајци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати