Партиски преписки за смената на директорите во велешкото здравство

Петар Печков

Промената  на директорските позиции во здравството во Велес, беше повод ВМРО-ДПМНЕ од Велес да одржи  прес конференција. За нив  со  новите именувања наместо професионалци поставени се луѓе чија единствена заслуга била  поседувањето партиска книшка од СДСМ и тоа што биле  дел од шарена револуција.

Во ЈЗУ „Општа болница” Велес разрешен е досегашниот директор и назначен е Димитар Стровјаноски како награда за неговиот партиски ангажман и личното пријателство со неспособниот Зоран Заев.  Велешката јавност го знае Стровјаноски како докторот во болницата кој долги години примаше пациенти со скратено работно време од 4 часа бидејќи му беше намалена работната способност.  До вчера доктор со скратено работно време, а сега директор кој по закон треба да работи со полно работно време.  Во ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ и во ЈЗУ „Здравствен дом Велес“ СДСМ ги разреши досегашните искусни и докажани раководни медицински кадри и на нивно место постави лица кои во својот работен век никогаш не работеле како доктори! Тони Димитриев, од вработен како техничко лице со работни обврски од најнизок степен на сложеност, унапреден е во директор на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“.  Како работи СДСМ, најдобро покажува примерот со назначувањето на новиот директор во ЈЗУ Здравствен дом Велес. Николче Димовски, кој е роднина на Фросина Ременски, од болничар во општата болница во Велес, со еден потпис, СДСМ го постави за директор на здравствениот дом.   Очигледно е дека изборот на СДСМ за раководни кадри на институциите се мери според тоа кој колку одработил за партијата или колку боја исфрлил во спроведување на деструктивното сценарио на платеничката револуција – изјави Живе Катранџиев на прес конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ –Велес. 

Одговорот на Општинската организација на СДСМ-Велес стигна преку писмено соопштение.  Велат наследивме долгови во илјадници евра

Речиси 11 години  ВМРО ДПМНЕ континуирано го урнисуваше и партизираше здравството и создаде хаос во здравствениот систем. Како резултат на нивното неодговорно работење се случи најголемиот одлив на лекари, кои ја напуштија Македонија и заминаа да работат во странство. Како резултат на нивното неодговорно работење смртноста на новороденчињата екстремно порасна, се трошеа милиони на сомнителни тендери а немаше пари за  лекување на децата во странство. Како резултат на неодговорното и криминално работење на ВМРО-ДПМНЕ, здравствените установи и болници, денес се дават во долгови.  Најсвеж пример е долгот за вода од 170.000 евра  и долгот за неплатена храна од 10.000 евра на ЈЗУ “ Општа болница Велес”, што зад себе го оставија кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста допрва ќе дознава какви се погубни и криминални политики водело ВМРО-ДПМНЕ во здравството во последните 11 години  ВМРО ДПМНЕ нема ниту морален, ниту политички кредибилитет да зборува за кадрите на СДСМ и за здравството што го урнисаа. Лицемерно и апсурдно е оној кој го уништил здравството, денес да глуми загриженост за здравствениот систем и за граѓаните –стои во соопштението.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ОКТОМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каков превоз најчесто користите?

  • автобус
  • автомобил
  • воз
  • комбинирам
  • такси
Резултати