Почина пациентка на 48 годишна возраст, 41 оздравен од ковид-19

Петар Печков

Нова жртва на корона вирусот во велешко, 105-та по ред. Почина пациентка по последиците од ковид заразата.  

Вчеравечер почината е пациентка на 48 годишна возраст, позитивна на ковид -19 од Велес, донесена истиот ден на Инфективно одделение во тешка општа здравствена состојба -  соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
 
Денес во велешко се водат како оздравени дури 41 пациент, а ново заразени се седум лица, објавија од Министерството за здравство. По ова бројката на активни случаи падна на 247 пациенти а досега биле заразени 3.155 лица од велешко.

Вкупно  хоспитализирани во велешка Болница се  34 пациенти, од кои 27 се потврдени позитивни и седум  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет пациенти. Од лежечките пациенти на Инфективно  се 29 а на Интерно пет.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати