Промовирана стихозбирката ,,Софи,,

Петар Печков

На малата сцена на велешки театар, вчеравечер беше промовирана    стихозбирката ,,Софи,, дело на Никола Алтиев. Тој е велешанец, роден  во Бузаана, кој  живее во Скопје а едно време бил и директор на   библиотеката ,,Браќа Миладиновци.

,,Софи,, е стихозбирка наменета за детската популација, посветена на неговата внука.  Досега има издадени 14 книги поезија  за возрасни, пет за деца, четири збирки раскази за возрасни, неколку монографии, една книга книжевни критики и една книга за фолклористика.  

Ја сакам поезијата, за тоа треба да се има дарба, од Бога  дадена која  се надоградува. Започнав пред 25-30 години, со поетски анонимен  конкурс во Делчево и тоа е мојот почеток, а  ја  добив втората награда - рече Алтиев. 

Стихозбирката ја промовираше проф. д-р Васил Тоциновски, кој се осврна за работата на Алтиев, кој е малку познат на велешката јавност.

Тој е скормен но трудољубив автор. Има завиден научен и книжевен корпус. Како библиотекарски советник автро е  на значајни библиографии на градската библиотка ,,Браќа Миладинвоцки,,. Него то книжевно творештво има разноведеен интерес. Неодамна издаде зборник на 400 македонски народни песни, во кој се споменува Македонија - рече Тоциновски.

Избор од поезијата  на Алтиев читааа Виолета Секвоска и Јасмина Ѓоргиева. Стихозбирката ,,Софи,,  ја издаде  ,,Академски печат,, од Скопје.  

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

  • да
  • не
Резултати