Реконструиран Домот на културата во Лозово

Петар Печков

Свечено денес  беше предаден за користење, реконструираниот  Дом на културата "Кочо Рацин" во Лозово. Објектот доби нов модерен и урбан лик.

Проектот е  во висина од 7.7 милиони  денари. Финансиран е со заедничка инвестиција на Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за рамномерен регионален развој и средства од Буџетот на Општина Лозово.

Културните работници и љубителите на културата ќе имаат свое место за промовирање на овчеполските традиционални фолклорни ора и песни, како и за уживање во културните манифестации кои што се одржуваат во општината - рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Домот на културата Кочо Рацин во Лозово од стар руиниран објект после 40 години се реновираше и ставен е  во функција како мултифункционален објект наменет за настани од областа на културата и спортот како и за одржување на состаноци и саеми.

Извршена е замена на кровната конструкција, нова термо изолациона фасада и целосна измена во внатрешниот ентериер, набавена е нова спортска опрема. Вложуваме во подобрување на урбаниот лик на општината и подобрување на животниот стандард на граѓаните на општината- кажа Ацо Велковски, градоначалник на Општина Лозово.

Објектот официјално го отворија министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Лозово Ацо Велковски, како и директорот на и Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и директорот на Вардарски плански регион, Игор Андреев

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати