Саботата ноќта седумина возачи во Велес возеле под дејство на алкохол

Петар Печков

Саботата, кон неделата , сообраќајната полиција извршила контрола по велешките улици, дали возачите возат под дејство на алкохол. Резултатите покажале дека  кај седумина, имало повеќе промили на алкохолч од дозволеното. 

Во периодот од 23часот на 21 септември  до 5 часот на 22 септември   на територијата на СВР Велес била извршена контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, констатирани се вкупно 22 прекршоци, од кои седум во Велес, девет во Кавадарци и шест во Неготино - информикраше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

На возачите им биле изречени соодветни казни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати