Сабота ,,Администрацијата чисти,, еко-акција

Петар Печков

Утре сабота,  14-ти декември три часа државната администрација ќе го чисти Велес од смет. Во периодот од 9 до 12. часот ќе се спроведе акција во Велес именувана “Администрацијата чисти” а на државно ниво ,,Не биди ѓубре,,.

Во Велес ќе се чисти на четири локации: излез од Велес кон Башино село, од Агенција за вработување до некогашен Пензионерски дом и двор на некогашното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот, ул. Meтодија Андонов- Ченто, косината на надвозниците на  Битолска пруга со пешачка патека на ул. 8 ми Март и паркот до зграда ХИВ, со брег на река Вардар и дел ул. Благој Нечев и Трајко Панов.

Во акцијата најавени се дека ќе учествуваат  вработените на локалната власт, јавните претпријатија и подрачните единици на државните институции. Не ги опфаќа здравствените и образовните институции. Со ова ќе се одработи 2-ри јануари, кој беше неработен ден за администрацијата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати