Скокнал пред вереницата во провалија, се појавил утрото во болница

Петар Печков

Саботата вечер драма се случувала на паркингот кај месноста ,,Ветерско,, . Момче скокнало во провалија пред идната невеста, го барале го немало, за утрото да се појави во болница.  Повеќе детали објави МВР. 

Саботата вечер 13-ти мај  околу 19,10 часот на автопатот Скопје -Велес на паркинг просторот кај м.в.„Ветерско“, Е.К. (30) од Пехчево, се паркирал со возило, излегол од истото и скокнал во провалија, во присуство на неговата вереница и нејзиниот вујко. Од страна на екипа од ЕСЗ„Тигар“ извршено било пребарување на теренот, но не бил пронајден до 24,00 часот, по што потрагата била прекината.  Неделата утрото 14-ти мај  околу 04,00 часот во ПС Велес од ЈЗУ Велес Интерно одделение, пријавено било дека кај нив лекарска помош побарало лицето Е.К., кој бил донесен од негов роднина – пишува во писмената информација на МВР.  

Најавуваат дека  работат на целосно расчистување на настанот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати