Сообраќајка на автопат, со една жртва

Петар Печков

Утрово во 9,20 часот на делницата до автопатот А1- Велес – Гевгелија, кај селото Јосифово  се случила  сообраќана несреќа, во  која има еден починат. 

Од МВР велат дека во несреќата учествувале две возила со српски национални ознаки, „Тојота авенсис“ управувана од В.С. и „Пежо 308“ кое го возел С.П. Во несреќата на лице место животот го загубила 61 годишната Србинка Д.П., сопатничка во „Пежото“.

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош. 

Несреќата се случи утринава во 9:20 часот меѓу патнички возила „тојота авенис“ управувана од В.С. од Србија и „пежо 308“ управувано од С.П. исто така од Србија.

Со ова сообраќајка продолжува серијата  на тешки несреќи, каде има и починати,  кои изминатите денови од летото се случија на автопатот Скопје – Гевгелија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати