Сопрена е постапка за изградба на покриен Градски пазар и кружен тек кај Панини

Петар Печков

Двата големи проекти кои претходната општинска  власт  ги започна пред  изборите, новата ги сопре.  Изградба на покриен Градски пазар и кружен тек кај  Панини засега нема да се градат. За покриениот  Градскиот  пазар е најавена нова постапка, додека кружниот тек е со неизвесна иднина.      

Со ,,Изгрев,, е постигнат договор за градежни активности на покриениот  Градски пазар –прва фаза и  договорот за изградба на кружен тек кај Панини, да бидат раскинати  а активности да бидат запрени. Првиот договор е со вредност од 10,3 милиони а вториот од  1,7 милини денари. Изгрев се согласи да ја врати првобитната состојба на тротоарот кај Панини. За кружниот тек нема соодветна документација за негова изградба и затоа се вратени бехатон коцките. За покриениот пазар ќе ја почнеме постапката од почеток, преку јавно –приватно партнерство. За сообраќајот во градот, ќе побарам дополна на сообраќајното решение  – најави градоначалникот Аце Коцевски.

На прашањето  како планира да гради  со јавно приватно партнерство, кога во претходната постапка на повикот никој не се јави, Коцевски рече дека ,,имало заинтересиран инвеститор,,. Тој најави  и ревизија на изградбата  на водоводот до Бузалково и Раштани.  

Од Делта  пром  ќе побарам да се раскине договорот за изградба на  водоводот од Раштани до Бузалково во висина од 11,7 милиони денари. Причина е  што не може да се гради водовод од Раштани до Бузалково оти прво водата треба да се донесе од Велес до Раштани, куќа се гради од темел не од кров.   Пари за овој водоводен систем  е обезбеден од меѓународната заедница и ќе се гради и ќе заврши до година.  За објаснам и  за надвозникот кај Башино село, проект вреден  5,7 милиони денари. Нема сообраќајна согласност   а темелникот не е на место каде треба да биде,  постаен е без геометри. Конструкцијата ја оставиле близу ресторан ,,Џупинот,,  и не е направено снимање на варовите, што е  спротивно на  законите, за да се гарантира исправноста на  конструкцијата. Кога ќе завршат сите тие постапки, надвозникот ќе биде  поставен и платен – рече Коцевски.   

Градоначалникот информираше дека од Агенцијата за млади и спорт стигнало барање за  локација за затворен базен со димензии 32х 22м. Локалната власт како решение ќе го понуди задниот дел од дворот на ОУ Васил Главинов.    Коцевски информираше дека  ја решиле забраната за користење на неколку селски водоводи и  чешми во општина. На средба со претставници со месните заедници од  селата и претставници од ЈКП Дервен, селските водоводни системи биле снабдени  со хлоринатори за да се спречи ешерихија коли да биде опасност по жителите. Тоа било случај со водоводите во селата Иванковци, Мамутчево, Сујаклари, Кумарино.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати