Со свечен час започна наставата на ТТФ во Велес

Петар Печков

Со врачувањето на индексите на новите студенти -  бруцошите, на свечениот час,  започна наставата на  Техничко- технолошки факултет   Велес.  Студентите на овој факултет посетуваат  две студиски програми- прехранбена   технологија и биотехнологија и втората нутруционизам.

Тие се единствена матична високо образован институција во Велес која има дисперзирани студии во Кичево и Битола со вкупно 30 вработени. Многу знаење  и дипломирање на  бруцошите,  им посака деканот на  ТТФ Валентина Павлова.  

Ви  посакувам да  стекнете многу знаења, да   имате плодна соработка со  нас професорите, многу дружење  и на крај да се стекнете со посакувана диплома. Имаме одговорност да со вас сплотиме и пренесеме знаење  да од Вас произведеме академски граѓани. Ваша цел е стекнатото знаење да го прикажете преку работите места  каде ќе се вработите. Професорите имаат добиено најголем  број поени за  објавени трудови во меѓународни списанија и на научни  манифестации  во земјава и странство  Студентите  не   се само да учат,  туку и да се   дружат.  Но  не сте погрешиле што се запишавте тука, бидејќи вашата  струка е занает  без оглед дали сте  на прехранбена струка или нутриционизам кои се признати не само во земјава туку ви во странство. Дел од Вашите колеги станаа асистенти  – им порача деканот проф. д-р. Валентина Павлова.

Таа посочи  дека на факултетот во Велес и дисперзираната настава во Битола  има запишано  30 студенти што бруцоши други во втор  и трет циклус студии,  во Кичево годинава мирува.  Поголем интерес кај студентите имало за насоката нутриционизам. На  факултетот во Велес беа поделени само седум индекси, повеќето за  редовни нешто за  вонредни.   

Заинтересираноста на студентите е малку опадната споредбено со претходните години, оти има и помал број завршени средношколци .Со  оглед на насоката –техника на овој факултет, потешко е  студирањето тука, такви се предрасудите кај студентите, за  разлика од општествените науки.  Во тоа   ја гледам и причината за малиот интерес -  појасни деканот Павлова. 

ТТФ во Велес  постои  од есента  2008-та година   а досега завршеле стотина дипломирани студенти, 20-тина магистранти а очекуваат во следните години да излезе и првиот доктор на науки од овој  факултет. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com