Спортски викенд, резултати на велешките екипи

Петар Печков

Во деветтото коло од Првата женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Борец загуби дома, на Градски со високи 0:9 од лидерот ЖФК Скопје 2014, која ги има сите девет победи досега. Велешанки по ова коло се 11-ти со седум бода. Во следното коло гостуваат во Битола на ЖФК Топ гол, која е осма со 13 бода.

Започна одбојкарското првенство во машка конкуренција. Во првото коло, на домашен терен во салата Гемиџии, ОК Борец загуби со максимални 0:3 ( 14, 22, 18) од екипата на ОК Универзитет од Тетово. Само во вториот сет велешани беа рамноправен противник, во првиот и третиот, гостите, за кои играат тројца репрезентативци беа супериорни и лесно стигнаа до трите бода. Во следното коло велешани гостуваат во Дебар на екипата на ОК Дибра Волеј, која во првото коло загуби исто така со 3:0 од ОК Шкендија.

Ракометарите на РК Борец одиграа два натпревари од второто и третото коло на Првата лига, каде забележаа победа и пораз. Натпреварите се играа во Гостивар. Во саботата беше победена екипата на РК Кичево 2020 со 38:27, иако во првите 30 минути кичевчани водеа со 15:14.Во неделата загуби од скопски РК Шампион, со 31:33  кој е лидер, во натпревар кој според резултатот бил израмнет. По ова трето коло, РК Борец е петти со три бода а во следното коло велешани играат со РК Аеродром, кој е втор со седум бодови.  
   

Започнаа натпреварите од Третата лига. Наместо досегашната група Центар, велешките екипи играат во група Југ, каде освен досегашните од Центар се и неколку екипи од Гевгелиско. Во првото коло екипите од подрачјето ан ОФС Велес  ФК  Превалец од Превалец, ФК Илинден од Башино село и ФК Локомотива до Градско, забележаа две победи и еден пораз. Во локалното дерби во Градско Локомотива убедлива против ФК Превалец со 4:1 а ФК Илинден БС со 3:12 го совлада ФК Младост 1930   од прилепско Кривогаштани. Во следното коло ФК Превалец ја пречекува ФК Марена, која во првото коло победи дома со 5:2 против .ФК Динамо до прилепско Мажучиште. Токму таму гостува ФК Илинден од Башино село а ФК Локомотива од Градско гостува во Дојран на ФК Дојранско езеро, кој во првото коло загуби со 2:0 во Крушево од ФК Питу Гули.

Во Третата лига Исток, екипта на ФК Работник Џумајлија од Лозово стартуваше со победа од 4:0 против екипата на ФК Василево.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати