Старите фотографии од Велес повторно пред велешани (фото)

Петар Печков

Најстарата фотографија претставена на фото  изложбата  датира од 1869 година а има  се до 70 те години на 20 век. Низ стотината фотографии изложени во Ликовниот салон  проследен е развојот на Велес  прикажан низ призмата на историјата, етнологијата, архитектурата.

Автори на изложбата се Павлина Василева (сега  пензионер)   и Марин Клифов, виши кустоси историчари во Локалната установа Народен Музеј на град Велес. Тие една година работеле на собирање на фотографиите за истите да бидат пред очите на јавноста, некои и за прв пат по многу години.

Преку сликите јасно се гледа убавината на стариот град. Изложбата е можност старите да се потсетат, а младите да го видат стариот Велес. Изложбата на фотографии од стар Велес беше поставена 2011-та но поради големиот интерес низ годините, таа летово повторно е пред велешани.  

Има околу  стотина фотографии. Ликовниот салон е  отворен од 9 до 13ч. секој работен ден.  Оваа изложба беше претставена и  во  Кочани, Кавадарци и Скопје како и  во  Врање –Србија, Клуч БиХ и Шибеник Хрватска. Ќе биде отворена за посетители до средината на септември.  

Благодарност до Народен музеј Велес во чија сопственост се и со чија дозвола се објавени фотографиите 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати