Учениците од ОУ Св. Кирил и Методиј и Гимназијата во нови клупи и столчиња

Петар Печков


ОУ „Св Кирил и Методиј“ и Гимназијата „Кочо Рацин“ добија нови клупи и столчиња. Вкупно 434 столчиња и 217 клупи. Поголем дел од нив се распределени во ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Од целокупната бројка таму се распределени 150 клупи и 300 столчиња. Остатокот од 67 клупи и 134 столчиња се доделени во Гимназијата.

Набавката на овој инвентар е дел од проектот реконструкција на основни и средни училишта во кои беа вклучени овие две образовни институции од Велес. Иако не беше планирано, сепак од реконструкцијата во првата фаза останале средства кои Министерството за образование се одлучи да ги искористи на овој начин – изјавија од локалната власт. 

Новите клупи и столчиња се стандардизирани и прилагодени на потребите на учениците.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати