ФК Борец во Втората лига стартува од Валандово, на 27 август

Петар Печков

 Осетно засилен, со нов состав и големи амбиции екипата на велешкиот фудбалски второлигаш ја пречекува новата сезона. Извршена е ждрепка за фудбалска сезона 2017/18 од Втората лига Исток, каде ќе настапува и велешки Борец 1919, заедно со уште девет други екипи.  

Во првото коло на 27 август Борец гостува на Победа во Валандово, со која минатата сезона  играа во Трета лига Југ. Во второто коло повторно гостување и тоа во Македонска Каменица на Саса на 9-ти септември.  

Првото преставување во новото друштво велешани ќе го имаат на 16-ти септември кога на Градски во Велес со почеток во 15,30 Борец ја пречекува екипата на  Брегалница од Штип,  која пролетва излезе од прва лига.   

Извршена е ждрепката и за фудбалскиот куп а во првото коло велешани имаа поволен ждреб. На  16 август со почеток во 17ч. на Градски го пречекуваат Велазерими од Кичево, член на Втора лига Запад. Се игра една средба а победникот оди во  осмина финале.  

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати