ФК Борец ја зголеми предноста на шест бода

Петар Печков

Со победата на велешкиот второлигаш и нерешениот исход на  Кавадарчани во Неготино, ФК Борец 1919 има 6 бодови предност по 11 одиграни кола во Втората лига исток.  Велешани дома  победија со двата гола на Христов со 2:0 (1:0) на почетокот од првото и во финишот од второто полувреме. Гостите беа седмо пласирани до ова коло.  Во вечното тиквешко дерби во Неготино без голови  заврши средбата на дербито помеѓу Вардар и Тиквеш, со што Борец ја зголеми предноста на табелата и има 31 бод.  Во следното коло дерби на Градски, ФК  Борец ја пречекува ФК Брегалница од Штип, која дома во дербито одигра нерешено со Кит Го 2:2 и е трета со 23 бода. 

Во Првата футсал лига КМФ Велес  дома со 15:4 (6:2) го совлада штипски КМФ Астибо. Резултатот е изненадувачки ако се знае дека гостите се трети и ова требаше да биде дерби на колото.  Вториот велешки лигаш  КМФ Гемиџии според домаќините КМФ Цико, не се појавил во салата во Валандово. Во следното коло е дербито КМФ Велес го пречекува КМФ Шкупи кој е лидер  и има пет бодови предност. 

Во првата женска фудбалска лига велешанки дома загубија со 0:7 од 11-то пласираната екипа на КМФ Речица.  По ова коло ЖФК Борец останува на 12-тото место од 14 екипи со една победа и три бода. Во следното коло велешанки гостуваат на ЖФК Истатов, кој е втор со три бода помалку од лидерот.

Во првата машка одбојкарска лига ГОК Борец загуби со максимални 3:0 во Кичево од Шутова (12,13,18). По две кола младиот велешки состав има два порази. 

Младата екипа на ГРК Борец загуби дома од РК Варар Јуниор со  17:30 (9:11)и останува по 8 кола последна во Супер лигата без ниту еден бод. За одбележување се девете гола на Христијан Ристов. Во следното коло госуваат во Радовиш на истоимената екипа која е 9-та со три бода. 

Кошаркарите на КК Борец Баскет дома со уверливи  83:52 го совладаа КК Куманово во натпревар од Втората лига Исток. Најмногу поени кај домаќините забележаа Караколев со 19 и Здравков со 17. Со оваа победа велешани се први    со 9 бода пред Карпош соколи кои имаат 8 но и натпревар помалку. Во следното коло, големо искушение за велешани, играат во  Скопје со Академија ФМП која е исто така со четири победи и натпревар помалку. 

На меѓународниот боксерски турнир ,,Златен гонг,, во Скопје настапи и велешанецот Октај Фератов. Тој во финалето загуби во категоријата до 75 кг од Романецот Викол откако во втората рунда судијата и му броел на Фератов. Романецот со оваа победа го освои турнирот. Фератов пак сезонава избоксува 13 меча, 11 победи, од кои 6 со нокаут и пет со технички а двата порази се со боксери од странство.       

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати