Петар Печков
Објавено: четврток, 19 септември 2019
стадион на Силекс
Силекс: Божиновски, Благојевиќ, Додев, Дурански (ж), Грозданоски Д, Грозданоски Х, Коцев (ж), Костовски (ж), Серафимовски Тимовски (ж), Жеравица играа и Ивановски, Ѓуриќ, Митревски
Борец: Георгиевски, Абаз, Блажевски (ж), Ефтимов, Гавриќ, Ѓоргиев (ж), Христов, Лазаревиќ, Пеев, Прелчец, Трајановски (ж)играа и Коцев, Петров, Ристовски
стрелци: Серафимовски 19` , Костовски од пенал 42` Ивановски 80`.
судија Грујоски Кичево
Фудбалерите на Силекс, дома во Кратово со убедливи 3:0 (2:0) го совладаа велешки Борец во шестото коло од Првата лига, во натпревар во кој беа покажани седум жолти картони. Домаќините поведоа рано, во 19 мин., со голот на Серафимовски, на 2:0 зголеми Костовски од пенал во финишот на првото полувреме, 42 мин. Во 80-тата Ивановски го постигна конечниот резултат од 3:0. По шест кола ФК Борец 1919 падна на последното место со четири бодови а веќе в сабота во дербито на дното го пречекува ФК Работнички до Скопје кој е деветти со шест бодови. Средбата ќе ја пренесува и МТВ и Арена спорт, почетокот е во 15,30ч.
Вчера се одигра и четвртото коло на Првата фудбалска лига за жени. Фудбалерките на ЖФК Борец гостуваа во Македонска Каменица, каде се поразени од домашниот тим на ЖФК Каменица Саса, кој е трето пласиран со 11:0. По ова коло младите велешки фудбалерки се 11-ти од 14 екипи со еден бод. Во следното коло, кое се игра на 13 октомври дома ја пречекуваат последно пласираната екипа на ЖФК Плачковица од Радовиш, која засега нема освоено ниту бод.