Фотографии од Москва во Ликовен салон во Велес

Петар Печков

Вчеравечер, вторник, во Ликовен салон во Велес беше  отворена изложба на фотографии „Москва Денес“. Презентирани се 31 фотографија, оригинални фотоматеријали доставени од Москва, на кои се отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина. Представени се реновирани знаменитости по коишто Руската метропола е позната низ светот,  како и уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години.

Преку овие фотографии може да се види слоевитоста на Москва, која денес е научен културен, политички, туристички и стопански центар. Тоа е град кој претставува синоним за културно наследство и богатство. Изложбата ги претстаува најзначајните архитектонски дела на градот и  ги преплетува историјата, старата архитектура и современиот дизајн - рече Анита Василковска Мидоска в.д. директорка на велешкиот Народен Музеј.  

Изложбата „Москва денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Русија и руската државна агенција „Россотрудничество“ со поддршка на Град Скопје и Музејот на Град Скопје, кои преку проектот  „Музејски линк“ се  презентирани во Велес. 

Јасмина Намичева кустос советник во Музеј на град Скопје, ја отвори изложбата. 

На овие фотографии е Москва коај ја паметиме од посетите во минатото, но и од брзиот раст денес. Градот претставува метрополис,  град со брз урабан раст во светот. Москва деновиве ќе бдие домаќин и на голем спортски настан и ќе биде присутна во медиумите  - посочи Нмичева.

Изложбата ќе биде отворена до 12 јуни.

loading...

Поврзани »

loading...

Бесплатен автобуски превоз до езеро Младост, во викенд, два пати на ден, со нова релација

Врз основа на интересот на граѓаните кои се обраќаат до локалната власт, Општина Велес од сабота (28 јули, 2018) организира бесплатен автобуски превоз до езерото „Младост“.Секоја сабота и недела, автобусот ќе поаѓа во 10 часот од постојката во населба „Тунел“. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати