Фото репортажа од јубилејот на Жито маркети

Петар Печков

Ова е дел од атмосферата на јубилејната прослава која се случи во средата  на 17 октомври , во Винарија Стоби.  Имаше  над 700 гости,  верни пријатели и соработници на Жито Маркети.

На свеченоста присуствуваа бројни  деловни пријатели од Велес и Македонија, бизнисмени, вработени, членови на семејство Ѓошевски. Идејата на домаќинот беше да се собере на едно место, проширеното семејство на Жито маркети, да се пожнее успехот од трите децении работа -како завршеток на еден успешен циклус и да се најави и започне нов и поуспешен.  

Благодарност до сите, продолжуваме понатаму- лојално, чесно и одговорно. Ваши, Жито маркети - велат од компанијата. 

За добрата забава на бројните гости задолжена беше составот Љубојна, која одржа одличен концерт, исполнувајќи ги нивните најголеми успеси.   Успешната приказна  за Жито маркети започна во далечната 1988 година со отворање на првата продавница, за денес да имаат 55 супермаркети во 15-тина градови на Македонија. 

Компанијата  делува во повеќе области. Од 2006-та година Жито почнува да инвестира во земјоделието, земајќи под концесија 220 хектари обработлива површина, засадена со лозје и  овошје -круши, вишни, праски, кајсии, сливи. Најавија дека нивна следна голема инвестиција ќе биде  погон за преработка на сушено овошје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати