Фудбалерите на ФК Борец тешко до победата во дербито против Кит-го

Петар Печков

Во дербито на колото лидерот ФК Борец 1919 со 2:1 го победи тимот на ГК Кит-го од Пехчево.  Гостите кои со победа бараа шанси за пласман на второто место, поведоа со голот на Стојанов во 20 минута. Домаќинот  израмни во 70 минута преку  Ѓорѓиев а победничкиот гол го постигна во 90-тата Христов.  Така и по ова 17-то коло остана разликата од 10 бодови пред Тиквеш 1930 со кого игра в сабота во Кавадарци во последното редовно коло од првенството. 

 Футсал екипата на КМФ Велес одигра нерешено 5:5 во Скопје против екипата на КМФ Железарец.  Со овој резултат велешани како да кренаа раце од одбраната на титулата, па лидерот КМФ Шкупи сега има предност од девет бодови  а до крајот на разигрувањето има уште пет кола. Веќе овој викенд КМФ Велес го пречекува КМФ Шкупи.

Фудбалерките на ЖФК Борец гостуваа во Прилеп во 16-тото коло и од седмо пласираната ЖФК Прилеп загубија со 8:0, со идентичен резултат како што во средата беа елиминирани од  Купот на Градски во Велес. 

Одбојкарите на ГОК Борец со пораз го завршија првенството. Во Скопје загубија од екипата на Јанта волеј со 3:1 ( 20, -26, 14,16). Ова е прв сет кои велешани го освоија против противник кој не е ОК Дибра Волеј од Дебар, оти сите сетови и победи беа против дебарчани.  Со ова заврши разигрувањето за пласман од 7-мо до 10-то место и ГОК Борец со младински состав го освои деветтото место со девет бодови. 

 Младинскиот состав на ГРК Борец со пораз го започна разигрувањето за опстанок во Супер лигата. Дома во салата Гемиџии загубија од РК Вардар Јуниор со 30:41 (9:23).  По 11 кола велешани се последни без ниту еден освоен бод. Во следното коло гостуваат во Охрид против истоимената екипа која е лидер во оваа конкуренција. 

Кошаркарите на КК Борец Баскет доживеаја тежок пораз во Скопје против трето пласираниот ТФТ  со 51:105.Велешани остануваат четврти по ова 20-то коло, со 26 бода но со најголем број одиграни натпревари во лигата 17. Во следното 21 коло играат дома против кочански Баскет Дино, кој е седми со пет победи од 16 натпревари.  

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати