Футсал екипата на Велес во полуфиналето на Купот

Петар Печков

Во четврт-финалето на футсал купот на Македонија, вчеравечер во салата Гемиџии, екипата на Велес со 7:2 ја совлада екипата на  Јувентус.  Со сигурна игра велешани  покажаа дека се далеку подобар  противник  и се пласираа меѓу  четирите најдобри екипи.  

Дополнително ќе биде  извлечена ждрепката кој ќе биде противник на КМФ Велс во  полуфиналето, каде велешани имаат високи амбиции. 

На Градски се одигра полуфиналето од општинскиот фудбалски куп, каде се сретнаа екипите  на Македонско   Сонце и Мартолци 2007. Победи Македонско сонце со 4:1 и се пласираше во финалето.

Таму го чека  Илинден  од Башино  село, кој беше  слободен во полуфиналето.   Финалната  средба  ќе се  игра следната седмица, најверојатно в среда, на Градски.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати