Шест ученици и едно дете од градинките позитивни на ковид-19

Петар Печков

Бројките на лица позитивни во јавните институции  во градот е во пораст.Ова е збирната информација за вкупниот број заразени.

Во Болницата има  четворица доктори двајца на интерно, еден психијатар, еден доктор секундарец на одделот за анестезија. еден фармацевт, три медицински сестри, три рендген техничари.

Во Здравен дом има 10 позитивни, меѓу нив три доктори, две медицински сестри и тројца возачи сите од Итната помош.

Во ЈКП Дервен имало шест позитивни случаи и 15 во самоизолација , во општинската администрација три и петмина во самоизолација,  во противпожарната има четири лиза во самоизолација, два во СВР Велес.

Позитивни има и во училиштата  шест ученици од основно образование и едно дете во градинките, пет воспитувачки и пет наставници. Во самоизолација се 74 деца ученици и 19 од градинка и  по пет наставника и воспитувачки. 

Во велешко до вчера имаше 578 активни случаи на коронавирус.  Денес до пладне во велешката Болница хоспитализирани се 69 пациенти, дел на Инфективно, дел на Интерно одделение, 56 се потврдени позитивни.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати