Што бара ФК Борец од градот

Петар Печков

ФК Борец  1919 со писмена информација се обрати до локалните власти како и  со барање за користење на инфраструктура   која е сопственост на  Општина Велес.  Клубот од крајот на  минатата година, од   20 декември 2016, е во сопственост на бизнисменот Кочо Анѓушев.  Во информацијата е претставен планот за развој на клубот во наредните години.

 Со програмата е предвидено: 

,,Оваа натпреварувачка сезона да се влезе во Втора лига  за што ќе се обезбедат 40 илјади евра

За Втора лига да се обезбеди буџет од 100 илјади евра за влез во Прва лига   

За секоја натпреварувачка  година од Прва лига ќе се обезбеди фонд од 150 илјади евра годишно

Сите средства  ќе бидат обезбедени исклучиво од   средства на фирми кои се во сопственост и со кои управува претседателот  на  клубот Анѓушев и од тековно работење и рекламирање на ФК Борец,,. 

Барањето на ФК Борец 1919 до Советот на Општина Велес и градоначалникот е :

Да ја стави на располагање  без надомест инфраструктурата  на градот за потребите за обување на дејноста и активности на клубот.  Односно да дозволи користење на стадионот, спортската сала и користење на просториите на зградата  на стадионот  за оваа намена. Зградата и просториите на зградата бараме  да го користиме во целост во целост , додека за стадионот и спортската сала  да ги користиме во одреден период.  

Клубот презема обврска да постави рефлектори  на стадионот, што е во фаза на реализација и е инвестиција од 40 илјади евра.  

Периодот за кој клубот  ја бара инфраструктурата за користење е 15 години, под услов клубот да се трансформира согласно Законот за спорт,,. 

Овој документ е потпишан од страна на претседателот на ФК Борец Кочо Анѓушев 

Ова барање треба да се  стави како точка на дневен ред на некоја од следните седници на Советот на Општина Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати