„Разговор во четири очи“ на Ингрид Бергман пред велешката публика

Петар Печков

Вторник вечер гостување на МНТ во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Констатнинов Џинот,, со  претставата „Разговор во четири очи“, работена според романот на Ингмар Бергман, режија на Нина Николиќ.

Главниот лик Ана Бергман се среќава со личностите кои го дефинирале и обликувале нејзиниот животен пат (свештеникот Јакоб, сопругот Хенрик, мајката Карин и љубовникот Тумас). Тие средби истовремено се нејзино потсетување на храброста, дрскоста и слободата кои со времето ги имала изгубено. „Разговор во четири очи“ го истражува прашањето за способноста и силата на поединецот да преземе контрола над сопствениот живот и да ги признае направените грешки. Оваа приказна е горко сознание за изгубеното време, пропуштените прилики, свесното жртвување и соочување со она што сме биле некогаш, што сме можеле да бидеме и она што сме.

Адаптацијата на претставата е на Тамара Барачков, костимографијата на Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценографијата на Сања Аврамоска. Актерската екипа ја сочинуваат Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Оливер Митковски/Благој Веселинов, Дарја Ризова, Катина Иванова и Дамјан Цветановски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати