„Шумата на моето дрво“ премиерно во велешки театар

Петар Печков

 Четврток вечер ќе се одржи премиерата на перформансот „Шумата на моето дрво“  во режија на Александар Ивановски, на  актерот Васил Зафирчев и авторска  музика на Сашко Костов, работен по текст на Сашо Димоски,  во копродукција на „Северно од Импакт“ и Театар „ Јордан Хаџи Константинов Џинот“ .

Авторската екипа го најави како експериментален истражувачки проект по две линии, кој ќе биде изненадување за публиката. Првата е истражување на звукот преку музиката на Сашко Костов, користејќи импровизирани  инструменти од рециклирани  материјали. Врз основа на таа музичка матрица  настапува Зафирчев, врз основа на  танцовиот и физички театар. 

Настапувам врз основа на неформалните форми на театар. Врз таа основа  ги истражувам зададените  видливи и невидливи  граници на телото.  Претставата опфаќа повеќе теми и контексти, испитувајќи ја позицијата на бегалецот, аутсајдерот, на индивидуалецот наспроти глобалниот систем, комуницира сетилно и емоционално со гледачот. Во престават се користат повеќе традиционални  и современи танцови техники, што западни што источни. Ова не е претстава која се гледа туку која се доживува, кој ќе го помести хоризонтот на публиката за нови форми и естетики     – изјави актерот Зафирчев.   
Авторите подолго време го планирале а сега го реализираат.

Ја подготвиле  за две седмици. Ова е прва продукција на независната  продукција ,,Северно од Импакт,, која произлегува од фестивалот и Здружението за креативни акции  ,,Импакт,, . 

Креативниот процес траеше пократко, но идејата тлееше подолго време. Со овој проект сме стигнеле до врвот од нашите можности – изјави режисерот Александар Ивановски.    

Претставата иако не е се` уште одиграна е поканета на два фестивали,,,Бабел,, во Трговиште Романија и  ,,Бомб,, во Сеул Јужна Кореја.

Музиката во претставата ја  изведувам во живо. Сам си поставив две задачи. Изведувам музика на отпадни материјали и за создавање  уметност која се бави со имитација на звуци кои секојдневно ги слушаме во природата. Такви се чекорење по листови,   туркање на гранки, игра со вода, песок. Создавање на музика на неконвенционални инструменти    е истражување и созревам како композитор – изјави Сашко Костов.  

Тој заедно со Зафирчев се на сцена,  и ја раскажуваат приказната преку танц на тело и преку  звук.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати