Карпата отстранета, железничкиот сообраќај нормализиран

Петар Печков

Средата попладне екипи на МЖ Инфраструктура ја отстраниле капрата близу Железничка станица Рајко по што железничкиот сообраќај е нормализиран. Поради тоа што при излетувањето на локомотивата оштетена е електро инфраструктурата, сообраќајот помеѓу железничките станици Велес и Скопје се одвива со дизел машини.

Поради тоа има времени промени во возниот ред.  Не сообраќаат патничките возови од Скопје за Велес  кои тргнуваат во  6,11ч наутро    и навечер во 22,33ч. Од Велес за Скопје не сообраќа возот во 5,03 ч.

Возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до Велес со електро машини додека од Велес до Скопје со дизел и во согласност со расположливите капацитети на МЖ и со одредени промени за кој можете да се информирате во МЖ. 

При излетувањето на локомотивата, направена е голема материјална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптичкиот кабел. 

тел инфо жел. станица Велес  075/281-972

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати